Лејкерс и Бостон победија – Проблеми за Атланта, Богданoвиќ ќе биде надвор од терените најмалку половина месец

Овојпат се помина без инциденти во НБА лигата, за разлика од Детроит, а Леброн успеа да се реваншира за исклучувањето со 33 поени и 9 асистенции, Вестбрук додаде 25 поени. Иако не блеснаа петти пат по ред, Лејкерс дома го добија Детроит со 110-106.

Милвоки рутински ја совлада Индијана со 118-100, а Џенис Адетокумбо постигна 26 поени и запиша 13 скока, па ова е седма победа во низа за Бакс. Сепак, многу повеќе од триумфот, внимание привлече веста дека Демаркус Казинс потпишал договор со шампионот до крајот на сезоната.

Кошаркарот на Атланта, Богдан Богдановиќ ќе биде надвор од терените најмалку две недели поради повредата што ја доби на дуелот со Њујорк Никс. Хокс ја прекинаа серијата од седум победи против Њујорк (90-99) и моментално се осми на Истокот со скор 11-10.

Српскиот репрезентативец го повреди зглобот и го напушти теренот со помош на соиграчите, а по прегледот со магнетна резонанца клубот го објави непосакуваниот медицински извештај.

„Потврдено е исчашувањето на десниот скочен зглоб. По период на одмор и рехабилитација, Богановиќ ќе се врати за околу две недели“, истакнаа од Атланта.

 

Резултати:

Мемфис – Сакраменто 128: 101

Торонто – Бостон 97: 109

ЛА Лејкерс – Детроит 110: 106

ЛА Клиперс – Голден Стејт 99: 105

Индијана – Милвоки 100: 118

Се вчитува...