Реал Мадрид продолжува сигурно да ита кон нова титула во шпанската Ла лига. „Кралевите“ синоќа во крајно интересен натпревар славеа на домашен терен по пресврт со 2-1 над Севилја и со тоа избија на првото место на лигашката табела.
Иако имаа негатива момците на Карло Анчелоти стигнаа до нов „кам-бек“ водени од Винициус Жуниор. Со овој триумф Реал Мадрид стигна до десетиот бод сезонава откако имал негатива со што е убедливо најдобар.
10 – @realmadriden have won more points from losing positions than any other team in @LaLigaEN this season (10 points, two more than Atlético de Madrid). Personality. pic.twitter.com/BGtlvkiPNR
— OptaJose (@OptaJose) November 28, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА