Трета лига: Фаворитите продолжуваат со доминацијата

Изминатиот викенд на кошаркарските терени одмараат прволигашите, но активни беа третолигашите каде се комплетираше петото коло од групата „А“, односно шестото од групата „Б“.

Во групата „А“ по пет одиграни средби Спарта, Младинец и Баскет Дино продолжуваат со перфектниот учинок. Спарта славеше на домашен терен со 91-55 над Крива Паланка, Младинец го доби дуелот против Спорт Тим ос 82-71, додека Баскет Дино славеше на гостувањето кај Ролинг во 64-89. Слободен беше тимот на Вардар.

Во групата „Б“ до победи стигнаа Работнички 2018 кој го доби гостувањето кај Мега Баскет со убедливи 84-102 и МКК Куманово кој славеше во Тетово против Булс со 57-82. Пробаскет службено го доби мечот со ИБА Баскет со 20-0. Слободни беа тимовите на Албес и Дибра Иглс.

Се вчитува...