Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола тргнува по потписот на првата ѕвезда на Реал Мадрид, Карим Бензема, пренесуваат англиските медиуми. Актуелниот договор на францускиот ас со „кралевите“ му истекува во летото 2023 година, па затоа „граѓаните“ би сакале да ја искористат шансата бидејќи тој по крајот на тековната сезона ќе влезе во последната година од неговиот договор.
Бензема сезонава игра во неверојатна форма и на 13 меча успеа да постигне 11 гола, а има и седум асистенции. Од друга страна Сити по заминувањето на Агуеро нема вистинска опција во нападот каде што единствен „шпиц“ е Габриел Жезуз кој е далеку од квалитетите на Французинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА