Прекинат мечот меѓу Вотфорд и Челси, причина еден фан доживеал срцев удар

Прекинат е натпреварот меѓу Вотфорд и Челси во 14. коло од англиската Премиер-лига. Главниот судија се одлучи да го прекине натпреварот и да ги испрати фудбалерите во соблекувалните во 15. минута откако беше обелоденето дека еден од фановите на трибините доживеал срцев удар.

Натпреварот е прекинат, фудбалерите се во соблекувалните, а се очекува да продолжи откако ќе му биде укажана помош на навивачот кој доживеа срцев удар.

 

Се вчитува...