Пари Сен Жермен повторно одигра далеку под очекувањата и ремизираше без голови 0-0 против Ница во 16. коло од француската Лига 1. Натпревар кој требаше да биде фестивал и прослава на седмата „Златна топка“ на Лионел Меси на крајот заврши само како едно големо разочарување на навивачите.
Веројатно уште повеќе има на значење ставот на луѓето кои сметаат дека Роберт Левандовски сезонава ја заслужи „Златната топка“ бидејќи Меси по доаѓањето во Париз не личи на оној стариот кој со години наназад беше најдобар фудбалер во светот.
Во останатите мечеви Олимпик Марсеј славеше над Нант со минимални 0-1, додека Лион беше поразен на домашен терен од Ремс со 1-2.
РЕЗУЛТАТИ ЛИГА 1 15 КОЛО:
ПСЖ – Ница 0-0
Клермонт – Ленс 2-2
Лион – Ремс 1-2
Нант – Марсеј 0-1
Рен – Лил 1-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

