Мурињо со совет до својот најдобар фудбалер: Заниолo треба да си од Серија А, така ќе биде заштитен и најдобар!

Фудбалерите на Рома, синоќа, неочекувано загубија на гостувањето кај Болоња (0-1), во меч во кој главната фигура кај „волчицата“ беше Николо Заниоло, пред се поради честите и остри прекршоци кои беа најправени над него.

Дел од нив дури и не беа досудени, а фудбалерот на римскиот тим доби и престрог жолт картон. Заниоло имаше две големи повреди, па Мурињо смета дека во Серија А судиите не само што не го заштитуваат, туку и со нивните одлуки му ја отежнуваат ситуацијата, па одлучи да му даде совет да си оди од оваа лига.

„Сакам да кажам нешто што веројатно е против мојот интерес. Доколку јас бев Николо Заниоло, ќе почнев да размислувам колку станува тешко играњето во Серија А. Ме загрижува тоа како е третиран. Зборувам против мојот интерес, но го советувам Заниоло да оди надвор од Италија, тука во Серија А станува невозможно за него, сигурен сум дека ќе биде уште подобар во друга лига“, изјави Мурињо во свој стил.

Рома следниот меч го игра против Интер, а Жозе ќе има проблем да склопи тим, со оглед што поради жолти картони нема да може да смета на Абрахам и Карсдроп, а најверојатно и Ел Шарави поради повреда. Феликс е отсутен поради Ковид-19, на листата на повредени се и Пелегрини и Виљар.

Се вчитува...