Вардар не успеа да стави крај на црната серија во Лигата на Шампионите која сега изнесува шест поради едно по друго откако на гостувањето кај Кил, „црвено-црните“ загубија со 32-30. Македонскиот состав одигра одлично прво полувреме во кое му парираше на германскиот гигант, но не успеа да го задржи темпото и во вторите 30. минути.
По натпреварот тренерот на Вардар, Веселин Вујковиќ имаше само пофални зборови за домаќините, а фокусот е веќе ставен на дуелот со Загреб на кој ќе се бара излез низата порази.
„Честитки за мојот колега Јиха, видовме еден добар натпревар во убава атмосфера како што е секогаш кај Кил. За нас, ситуацијата е малку депресивна затоа што на секој меч сме блиску, но остануваме без поени. Ова е тешко, но ќе се обидеме да направиме нешто во последните натпревари. Ова беше доста тежок дуел од почетокот, Кил е можеби најдобриот тим во Европа и во Германија. Се боревме, но ова е добар резултат за Кил. Мора да се фокусираме на следниот дуел со Загреб каде сакаме да победиме“, изјави Вујовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА