Дисцплинската комисија при Ракометната Федерација на Македонија имаше полни раце работа по инцидентот по завршувањето на дуелот меѓу Тиквеш и Охрид. Кавадарчани го добија натпреварот, но по самата завршница дојде до инцидент во кој покрај домашните навивачи беа вклучени и гостинскиот тренер Раде Стојановиќ и ракометарот Михајло Младеновиќ.
По прегледувањето на видео-снимката беше донесена одлука Тиквеш наредните два натпревари ќе ги одигра пред празна публика. Покрај тоа, кавадарчани ќе треба да платат 60.000 денари поради инцидентот.
Раде Стојановиќ доби суспензија од еден натпревар, а Михајло Младеновиќ ќе мора да паузира два натпревари, за своето учество во инцидентот, одлучија „дисциплинците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА