Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли е суспендиран од својот клуб Будуќност откако не се појавил на закажаниот тренинг по репрезентативната пауза.
Американскиот центар настапи за Македонија на дуелите со Шпанија и со Украина, но потоа воопшто не се појавил во Подгорица, каде требаше да му се стави на располагањето на тренерот Александар Џикиќ.
„Будуќност ја известува јавноста дека Џејкоб Вајли по настапот за репрезентацијата на Македонија не се појави на тренингот и самоиницијативо ја напушти Подгорица. Агентот на играчот го извести клубот дека причината за ваквиот потег е лична, односно станува збор за семеен проблем. Будуќност го супендираше овој кошаркар и јавноста дополнително ќе биде известена за наредните чекори“, објави Будуќност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

