Серхио Рамос не може да крене глава од проблеми од првиот ден од своето доаѓање во ПСЖ. Шпанскиот дефанзивец чекаше четири месеци на своето деби на „светците“ настапувајќи минатиот викенд против Сент Етјен, но веднаш по тој меч Рамос повторно се пожалил на болка во мускулот.
Тој во четвртокот се обиде да тренира, но лекарскиот тим на „светците“ оцени дека ризикот од нова повреда е преголем, па екс-капитенот на Реал Мадрид го очекува нова пауза од терените.
„Мора да внимаваме на премореност на мускулите на Рамос бидејќи тој неодамна се врати по долга пауза. Поради ова, тој нема да настапи против Ленс, но очекуваме веќе в недела да се врати на тренинзи со остатокот на екипата“, објави ПСЖ.
Покрај Рамос, тренерот Покетино нема да може да смета ниту на Нејмар, Дракслер и Ерера, но затоа во тимот се враќаатВајналдум и Кимпембе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

