Пред денешниот натпревар помеѓу Вардар и Велешта, фудбалерот на „црвено-црните“ Дејан Блажевски доби подарок дрес, по повод 150-тиот натпревар во „црвено-црниот“ дрес.
Блажевски беше дел од Вардар во најблескавите мигови кога тимот играше во групната фаза од Лигата на Европа, и се врати во екипата минатата сезона. Се реши да остане да помогне и сега кога тимот е второлигаш и се бори да избори одново пласман меѓу најдобрите екипи во првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА