Во крајно динамичен натпревар гостинскиот тим замина со предност од 41-53 на полувремето, во третата четвртина имаше предност и од +16 (43-59), но потоа следеше неверојатен пресврт на Работнички кој со извонредна серија дојде до 73-71, а во последната четвртина стигнаа и до убедлива победа.
Џексон Пол беше најдобар кај Работнички со 41 постигнат поен, додека кај Кожув најдобри беа Вилијамс со 22 поени и Симоновски со 20.
Пелистер убедливо со 88-142 славеше на гостувањето против Ангели. Малешевиќ постигна 33 поени за екипата на Пелистер, додека Кесар постигна 25. Кај Ангели најефикасни беа Васар со 30 поени, а Делоски постигна 29.

МЗТ Скопје 2, пак, загуби на домашен терен од Еуро Никел со 66-81 продолжувајќи со негативната серија во домашното првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

