После поразот од Слога Виница на домашен терен, шефот на стручниот штаб на Победа, Дарко Крстески поднесе оставка од функцијата.
„По двата последни лоши резултати и поразите од Саса и Слога ја преземам одговорноста врз себе. На ФК Победа и посакувам успех во продолжение на сезоната во Втората лига-Исток и остварување на зацртаната цел-пласман во Првата лига“, рече Крстески по мечот со Слога.
Победа го претрпе третиот пораз во првенството и се наоѓа на третото место на табелата со шест бодови заостанување зад првопласираната Слога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА