Реал Мадрид го победи Сосиедад на гости и се зацврсти на челната позиција (ВИДЕО)

Реал Мадрид вечерва оствари значајна победа на гостувањето кај Реал Сосиедад, и се зацврсти на првото место на табелата во Ла Лига. Сега разликата меѓу двата тима е 10 бода во корист на „кралевите“.

По првите дел немаше голови, а на стартот од вториот дел Винициус погоди во 47. минута. Лука Јовиќ, кој влезе во првиот дел на местото на повредениот Бензема, постигна гол за Реал за конечни 0-2.

Сосиедад одигра под своите очекувања, не упати ниту еден директен удар кон голот на Куртоа, за разлика од Реал Мадрид кој осум пати се закани, и искористи две од тие шанси.

Се вчитува...