Влаховиќ продолжува да „решета“, Фиорентина триумфално од Болоња (ВИДЕО)

Фиорентина освои важни три бода во дуелот со Болоња на гости со 2-3. Во интересен и крајно возбудлив меч, „виолетовите“ од Фиренца на крајот славеа триумф, а Душан Влаховиќ ја продолжи својата гол серија во Италија.

Малех во 33. минута го донесе гостинот во водство, а Бароу израмни во 42. минута. Бираги во 52. минута погоди за ново водство, кое го зголеми Влаховиќ од пенал во 67. минута. Хикеј само успеа да намали на 2-3.

За Влаховиќ ова беше 13 гол во првенството, а Фиорентина влезе во ТОП 5 екипи во Италија.

Се вчитува...