Емполи го победи Удинезе на домашен терен со 3-1 во рамки на 16-то коло од италијанската Серија А. Натпреварот го отворија гостите во 22. минута преку Жерар Деулофеу, но вистински пресврт се случи во вториот дел.
Домаќините направија целосна трансформација во играта, па големата мотивација и борба на теренот им донесоа два брзи погодоци за само девет минути игра. Петар Стојановиќ најпрвин израмни на 1-1 во 50. минута, а Недим Бајрами ја донесе предноста од 2-1 во 59. минута. До крајот на мечот во листата на стрелци за домаќините се запиша и Андреа Пинамонти во 78. минута.
За македонската јавност вниманието го привлече кам-бекот на Илија Несторовски, кој по долгата пауза од зелениот терен и тешката повреда не настапи за Македонија ниту на Евро 2020, македонскиот фудбалер влезе во игра во 79. минута.
Со оваа победа Емполи обезбеди 23 поени и се наоѓа на 11-то место, додека Нестороски и компанија остануваат и понатаму на 14-то место со освоени 16 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА