Иван Чупиќ со неговиот ППД Загреб ќе го пречека Вардар во последниот натпревар за 2021 година во А групата од ракометната Лига на шампиони. Меч кој што ќе биде од големо значење за двата тима на кои прва цел сезонава им е пласман во нок-аут фазата во елитното натпреварување.
Крилото на „плинарите“ Чупиќ вели дека Вардар е добар тим и дека табелата не го покажува вистинскиот квалитет на клубот.
„Ќе биде тежок натпревар за играње, свесни сме дека овие бодови се многу важни. Целта ни е да ја поминеме групата, како што сега стојат работите, еден од нас нема да помине. Вардар е добар тим, игра добро, иако можеби табелата не го покажува тоа. Верувам дека ќе бидеме подобри за гол-два и дека ќе ги освоиме тие два бода и ќе се искачиме за едно место на табелата“, изјави Чупиќ.
Натпреварот меѓу ППД Загреб и Вардар е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА