Интер ги надмина проблемите со кои се соочи во летниот период кога поради финансики проблеми од клубот заминаа Антонио Конте и најскапиот играч Ромелу Лукаку, преку добрата работа на менаџментот кој најде адекватни замени за скромна сума пари.
Така Конте го замени Инзаги, а на местото на белгискиот голгетер вреден 115 милиони евра стигна „дијамантот“ Един Џеко и тоа на слободен трансфер откако му истече договорот со Рома.
Репрезентативецот на БиХ со себе на „Џузепе Меаца“ го донесе и целото искуство, а за него сега говореа и тренерот Инзаги и извршниот директор Бепе Марота кои имаа само пофални зборови за 35-годишникот.
„Лукаку е продаден за огромна сума на пари, а го доведовме Џеко без обесштетување и со него на теренот нема голема разлика“ изјави Марота.
„Един е еден од најдобрите напаѓачи на светот. Чест ми е што можам да му бидам тренер. Тој може сам да го носи нападот, но во исто време и добро соработува со останатите. Се поклопија и со Лаутаро Мартинез. Добрите играчи секогаш наоѓаат начин да фукнционираат заедно“, вели Инзаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА