Тешки услови имаат второлигашите, со оглед дека на терените ширум Македонија има врнежи од дожд, а некаде и снег.
Во Виница теренот е натопен со вода и има многу тешки услови за игра, особено при контролирање на топката. Во Кратово, пак, Силекс и Тетекс играа под силен снег.
Вардар има проблеми во Боговиње каде што игра со Беса и тешко доаѓа до посакуваната игра, со оглед дека теренот е речиси целиот под вода.
Пред неколку дена, натпреварот од Купот во Битола помеѓу Пелистер и Вардар, не се одигра токму поради снег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА