ВТОРОЛИГАШКИ КОМЕДИИ: Од Виница ни доаѓа големо промашување, а од Кратово катастрофална голманска реакција (ВИДЕО)

Денеска во второлигашката конкуренција во Македонија, се случи едно од најголемите промашувања оваа година. Истото доаѓа од Виница, од натпреварот Слога Виница – Детонит.

Играчот на Детонит Јуниор, Ѓокшен Лиманов не го реализираше невозможното, односно промаши од само 3-4 метри празен гол. Шутираше еден гостински играч, голманот на Слога ја одби топката до Лиманов кој иако имаше околу себе двајца играчи, сепак, голот му беше „отворен“, но наместо тоа, ја испрати топката над пречката.

Несомнено, едно од најголемите промашувања оваа година во второлигашката конкуренција.

Оваа шанса, односно промашување, како да не беше доволен сигнал за фудбалерите на Слога Виница, кои и покрај водството, на крајот испуштија два бода, односно Детонит успеа да израмни и да освои бод од гостувањето кај лидерот.

Од друга, страна, пак, блиску до Виница, но во втората лига запад, во Кратово ни доаѓа еден комичен гол. Станува збор за третиот погодок на Силекс со кој домашните дојдоа до водство од 3-0. Имено, Јордан Серафимовски од тоа што немаше кого да проигра, се реши на удар од повеќе од 30 метри. Топката одеше под пречката, но во средината, и кога се чинеше дека голманот на Тетекс ќе одбрани, тој лошо интервенираше и само ја „заби“ топката во својата мрежа. Се чини дека Ивановиќ прерано скокна по топката, а таа се спушти подоцна од предвиденото, па заврши во неговата мрежа. Силекс го доби мечот со 3-1.

Се вчитува...