Вечерва се одиграа последните натпревари од групната фаза во светското првенство за жени во ракомет, по што се познати сите учесници во втората фаза.
Во последното коло, поразени се Србија и Црна Гора. Србинките добија лекција од Русија и поразени се со 32:22. Црна Гора, пак, загуби од Франција. Французинките благодарение на добрата игра во вториот дел, ја направија предноста.
Холандија и Шведска одиграа нерешено, а Норвешка ја совлада Романија.
Претходно Ангола и Словенија одиграа 25-25, и така и овозможија на Црна Гора да се пласира во следната фаза пред да го одигра својот меч. Полска беше подобра од КАмерун, а Казахстан од Иран. Порто Рико ја совлада селекцијата на Узбекистан.
Од натпреварувањето се елиминирани Ангола, Камерун, Иран, Узбекистан, Словачка, Тунис, Парагвај и Кина. Во следната фаза одат селекциите на Франција, Словенија, Црна Гора, Русија, Србија, Полска, Норвешка, Шведска, Порто Рико, Германија, Унгарија, Чешка, Данска, Ј. Кореја, Конго, Бразил, Јапонија, Хрватска, Шпанија, Аргентина, Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА