Стратегот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, не го криеше задоволството по одличното издание на македонскиот вицепрвак и новата победа во европските натпреварувања, овојпат над екипата на Спортинг Лисабон со убедливи 31-25.
Битолчани ја надминаа кризата од самиот почеток на сезоната, па сега се наоѓаат во низа од пет меча без пораз во Лигата на Европа, асо денешниот триумф го прескокнаа Спортинг на второто место во групата.
„Честитки до моите ракометари за начинот на кој го одиграа овој натпревар, како и до противникот за големата борба на овие два натпревари. Мислам дека со она што го прикажавме во изминатиот период Еурофарм Пелистер покажа дека е сериозна екипа. Пет натпревари без пораз во Европа, тоа не е мала работа и сигурно ќе ни биде мотив за уште подобри игри во иднина. Уште еднаш – големи честитки до моите играчи за прикажаното и за заслужената победа“, истакна Бабиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА