ЖДРЕПКА У-17: Македонија против Франција, Исланд и Луксембург во квалификациите за ЕП

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години, се најде во група со фаворизираната Франција, потоа со Исланд и со Луксембург во квалификациите за пласман на ЕП 2023 година за играчи до 17 години на денешната ждрепка во Нион.

Натпреврите ќе се играат во октомври идната година, во кои домаќини ќе биде токму нашата држава. Првите две селекции одат во елитните квалификации на пролет 2023 година, како и најдобрите четири третопласирани селекции. Во елитната рунда ќе се формираат осум групи со по четири екипи и осумте победници во групите, како и најдобрите седум второпласирани селекции ќе обезбедат учество на ЕП.

Европското првенство ќе се одигра во мај 2023 година во Унгарија.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2023 ГОДИНА (У-17)

  • Група 9 : Франција, Исланд, Македонија, Луксембург

Се вчитува...