Шкупи и Шкендија одиграа без победник 1-1 во дербито на 17. коло во Првата македонска фудбалска лига. Чаирчани успеаја да стигнат до бод на мечот откако во 90. минута Алварез на мајсторски начин го совлада голманот на гостите Захов.
Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски по мечот вели дека нерешениот резултат е реален исход.
„Беше тежок натпревар, моравме да ги искористиме нашите шанси во првото полувреме бидејќи на вакви дерби натпревари тоа е клучно. Секако и Шкендија имаше свои шанси, но благодарение на Кристијан Наумовски не бевме казнети. Голот на Шкендија дојде по наша грешка, но замените ја освежија играта и со мајсторијата на Фреди Алварез од слободен удар успеавме да го израмниме резултатот. Мислам дека тоа е најреалниот исход за ова дерби. Честитки за фудбалерите и за навивачите кои дојдоа и не поддржаа до крај. Тука сме заедно повеќе од седум месеци и работиме напорно за да ги оствариме нашите цели кои ги имаме до крајот на сезоната“, изјави по натпреварот, тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

