Манчестер јунајтед има водство од 1-0 против швајцарскиот Јанг Бојс во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Натпревар кој нема резултатско значење, па затоа Ралф Рагник се одлучи да им даде шанса на помладите играчи во својот тим.
На неверојатен начин тоа го искористи Мејсон Гринвуд кој уште еднаш покажа дека е еден од најголемите фудбалски таленти во Европа. Постигна гол во стил на неговиот соиграч Кристијано Роналдо, погодок кој уште долго ќе се раскажува во фудбалска Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

