Барса го допре дното по поразот од Баерн и елиминацијата од Лигата на шампионите, а ваквата вест одекна од Минхен до Каталонија и низ Европа. Се што се подготвуваше со години доби конечна потврда – оваа Барса мора да го прифати и притисне копчето „рестарт“ и да почне од нула.
Сепак, и покрај ваквиот исход во досегашната сезона, не е се’ така црно. Многу аналитичари велат дека Барса може да доживее преродба уште на почетокот од следната година. Особено во предвид треба да се има претстојниот зимски преоден рок. Најмалку четири или пет играчи мора да заминат за да се ослободи простор за нови засилувања како дел од финансискиот фер-плеј. За каталонскиот тим идеално би било да заминат Нето, Умтити, Кутињо, можеби и Мингеза. Доколку се случи ова, во Барса се оечкуваат да дојдат Феран Торес, можеби Единсон Кавани и некој дефанзивец, иако имињата не се спомнуваат.
Второ, шпанскиот Суперкуп е во јануари. Барса на 12 јануари ќе го игра полуфиналето со Реал Мадрид, што е прв голем тест за Чави во 2022 година. Тогаш на располагање ќе бидат Ансу Фати и Педри, што целосно ја менува сликата на тимот. Доколку Реал победи, во финалето ќе игра со подобриот од натпреварот Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао. Тој трофеј потенцијално би бил од големо значење за самодовербата на тимот од Каталонија.
Исто така, Купот на Кралот започнува во јануари, а Барса го брани трофејот. На овој турнир со сигурност се очекува фудбалерите на Чави да се обидат да стигнат до самиот крај, па на тој начин да го „обелат образот“ во Шпанија.
Чави ја гледа надежта и во Лигата на Европа, која е на програмата на 17 и 24 февруари, а вечерва ќе бидат познати потенцијалните ривали. Ждрепката е в понеделник во 13.00 часот, но Барса едноставно мора да биде фаворит во сите двојки, се со цел да стигне до крајот и да завери пласман во големото финале. Лигата на Европа нема да биде воопшто слаба, бидејќи тука се Севиља, Дортмунд, Лајпциг, Порто, Зенит, а можат да биде Аталанта или Виљареал. Тоа е реалноста на Барса, потенцијалниот трофеј на овој турнир во моментов ќе биде голем колку титулата во Лигата на шампионите.
За крај, Чави е единствениот човек кој има право да бара време, тој го познава клубот и му треба време за да ги покаже резултатите. Ако му веруваа на Куман, кој толку време на фудбалската сцена и во кариерата не докажал дека заслужува да биде тренер на Барса, се очекува Чави да добие барем две сезони за да направи тим по сопствена мерка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

