СП РАКОМЕТ 2021: Балканското дерби за Србија, Норвешка го прегази Порто Рико

Балканското дерби од третото коло на Светското првенство и припадна на женската ракометна репрезентација на Србија која славеше над Црна Гора со 25-27.

Црногорките успеаја да го наметнат своето темпо во средината на првото полувреме и на паузата да заминат со преднсот од четири гола (18-14), но Србинките одоговија со одлична игра во вторите 30. минути во кои примија само 7 гола за целосен пресврт и втора победа на првенството.

Норвешка пак стигна до третата победа во третиот меч од групната фаза на Светското првенство откако славеше со преубедливи 43-7 над Порто Рико. Норвежанките фаворитската улгоа ја потврдија уште од самото отварање на натпреварот, а веќе на полувремето ја имаа победата во свои раце (21-3) за комотна игра во вторите 30. минути.

Се вчитува...