Порто стигна до четвртата победа во Лигата на Шампионите откако на домашен терен го совлада Киелце со 29-27. Македонскиот голман Никола Митревски имаше солиден ден бранејќи пет од дваесет обиди на противничките ракометари.
Ракометното „ел класико“ помеѓу ПСЖ и Барселона заврши без победник откако во Париз двата тима ремизираа со 28-28. Предноста на парижани од полувремето (17-15), гостите успеаја да ја анулираат во вториот дел за голем бод во обид да се осигура една од првите две позиции кои носат четвртфинале во најсилното ракометно натпреварување.
До победа оваа вечер стигна и Сегед кој на домашен терен славеше со 30-26 над Кил. Домашниот состав одигра одлично во нападот во првото полувреме во кое постигна 19 гола за шест гола предност по 30. минути игра, одолеа во второто полувреме и ја запиша седмата победа во првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА