Патниците во следната фаза од Лигата на Шампионите и Лига Европа се познати по комплетирање на денешните средби, а познати се и екипите кои преминуваат во нокаут-фазата од Конференциската лига. Како потсетување, за разлика од претходните сезони, оваа сезона новитет во најсилните европски натпреварувања е системот кој налага шестнаесетфинална фаза.
Во неа ќе се сретнат третопласираните од Лигата на Шампионите и второпласираните од Лига Европа, а првопласираните од второто по ранг натпреварување ќе ги чекаат противниците во осминафиналето. Исто е и во Конференциската лига каде во шестнаесетфиналето се приклучуваат екипите кои се треттопласирани во Лига Европа и овие силите ќе си ги одмерат со второпласираните.
Па така во првиот шешир каде што се тимовите од Лигата на Шампионите се наоѓаат: Лајпциг, Порто, Борусија Дортмунд, Шериф, Барселона, Аталанта, Севилја и Зенит.
Во вториот шешир кој го сочинуваат екипите од Лига Европа се наоѓаат: Ренџерс, Реал Сосиедад, Наполи, Олимпијакос, Лацио, Брага, Бетис и Динамо Загреб.
Со тоа се отвара можен македонски дуел помеѓу Шериф на Бобан Николов и Динамо Загреб на Ристовски и Адеми, но опција за овие вторите е и Барселона.
Натпреварите од плеј-офот се играат на 17 и 14 февруари, додека осминафиналето во Лига Европа е закажано на 10 и 17 март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА