Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е херојот на Наполи во триумфот од 3-2 против Лестер со кој италијанскиот тим се избори за останување во Лигата на Европа и во пролетниот дел од сезоната.
На прес-конференцијата по мечот, тренерот на наполитанците, Лучијано Спалети не го криеше воодушевувањето од Елмас на кого, откако го видел нервозен на полувремето, морал да му вети нешто како мотивација.
„Елиф беше нешто нервозен на полувремето. Не успеал да направи нешто на терен како што сака, па беше нервозен а јас морав да му дадам едно ветување за да го смирам. Му реков: ‘ако дадеш и втор гол, ќе се фрлам на теренот’. На крај, сочекав да заврши мечот и да победиме за да го направам тоа, за многумина да не ме видат, ама и да не оставам лош впечаток ако го сторев тоа веднаш по неговиот втор гол“ – очигледно среќен коментираше Спалети по синоќешниот натпревар.
— Out Of Context Napoli (@NoContextNapoli) December 9, 2021
Спалети и претходно не криеше дека е воодушевен од македонскиот репрезентативец. Никогаш не криеше дека може да го користи за многу позиции во тимот и да Елиф повторно да одигра на највисоко ниво.
„Елмас е нешто неверојатно, тој е беспрекорно момче. Каде и да го ставите во тимот тој повторно ќе ви врати со најдобра игра. Зад себе досега има 29 натпревари сезонава за Наполи и за репрезентацијата. Нема друг со повеќе натпревари од него сезонава и секогаш го дава најдоброто од себе“ – вели Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

