Десетото коло од Првата лига започна со продолжување на перфекцијата на Пелистер кој на домашен терен со стотка славеше против Гостивар и сензационална победа во Аеродром каде новалијата Феникс 2010 го совлада актуелниот шампион МЗТ Скопје, а продолжува денеска со два дуeли.
Првиот од нив ќе биде одигран во Гевегелија каде Кожув од 17 часот и 30 минути ќе цели кон враќање на победите против „фенерџијата“ Ангели, додека новалијата на гостувањето во „26ти Април“ ќе се обиде да стигне до првата победа во „елитата“.
Половина час подоцна, од 18:00 во салата „Јасмин“ Еуро Никел го пречекува Работнички. По лошиот старт на сезоната кавадарчани се наоѓаат во серија од три победи едно по друго па ќе биде интересно да видиме дали ќе продолжи победничката серија против нашиот најтрофеен тим кој оваа сезона докажа дека може да игра на високо ниво.
Колото ќе биде комплетирано во недела со уште два натпревари. Од 18 часот Куманово го пречекува МЗТ Скопје 2 во обид да влезе во победничка низа по серијата на проблеми, а од 19 часот во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода Академија ФМП го пречекува ТФТ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА