Џерард пред враќањето на „Енфилд“: Возбуден сум, но сакам да го победам Ливерпул

Тренерот на Астон Вила, Стивен Џерард, зборуваше за неговиот „кам-бек“ на Енфилд викендов. Ливерпул ќе го дочека составот на Вила, на чија клупа седи легендата на „црвените“. Некогашниот англиски репрезентативец кажа дека е возбуден што се враќа на „Енфилд“, истакна дека  го цени Јирген Клоп, но дека ќе стори се да го победи Ливерпул.

„Не треба да зборувам за Клоп. Мислам дека сите знаат каков фантастичен тренер е тој. Секогаш се однесуваше добро со мене, и вечно ќе му бидам благодарен. Но на крајот ќе дадам се од себе да го победам Ливерпул. Како фудбалер го одржав ветувањето дека нема да играм против Ливерпул, ова е сосема друго. Имам добри односи со сите луѓе во Ливерпул. Таму ја минав целата кариера и минав одлично. Ова е тим кој го поддржував кога растев, и ќе навивам засекогаш. Но во исто време сум среќен што имам можност да се вратам таму и да се борам со добар тим и да победам. И тоа е мојата единствена цел. Секако дека сум возбуден, но сакам да го победам Ливерпул“, рече Џерард.

Џерард мина во Ливерпул од 1989 година, односно до 1998 година настапуваше во младите категории, а потоа за сениорите за кои одигра преку 500 натпревари и постигна преку 100 гола.

Се вчитува...