15-годишниот Дамјан Антовски во јануари заминува во Хајдук Сплит

Младиот и талентиран фудбалер Дамјан Антовски, кој е роден 2006 година, во јануари заминува во Хајдук Сплит. Тој ќе мине извесен период на тренинзи во овој хрватски тим.

Антовски во Македонија ги почна фудбалските чекори во ФК Куманово, а потоа од 2015 до 2020 минува во младите категории на Работнички. Од 2018 година е член на првата генерација на Академијата на ФФМ, која децата ги бира под надзор на членови пратени од УЕФА да го мониторираат тој процес. Минатата година станува дел од Македонија ЃП и игра за генерацијата 2003/2004, иако е помлад од нив.

Тој само ја продолжува традицијата на млади македонски фудбалери да заминуваат во овој тим. Пред него, во 2020 година дел од овој тим станаа Азер Омерагиќ и Леонид Игнатов. Во моментов дресот на Хајдук го носи Јани Атанасов.

Видео од дел од квалитетите на Дамјан Антовски:

Се вчитува...