Ракометарите на Еурофарм Пелистер дополнително се зацврстија на лидерската позиција во Суперлигата на Македонија откако без проблеми триумфираа на гостувањето против Струга со 22-31 (13-17).
Еурофарм во 14. коло од шампионатот стигна и до тринаесетата своја победа, која ја осигура уште во првиот дел од дуелот во Струга. По почетното испитување на силите и изненадувачкото водство на домашните од 7-6 низ првите 15 минути, се потоа беше во знакот на гостите од Битола.
Со брза серија Еурофарм дојде до предност од 7-10, а потоа и за заокружување на 13-17 на полувремето.
Во вториот дел уште поубедлива игра на Еурофарм Пелистер за на крајот повеќе од заслужена убедлива победа, како загревање за дерби пресметката против Вардар 1961 следната недела.
Најефикасен во победничкиот тим беше Павлетиќ со пет погодоци, а по четири гола запишаа Мараш, Мандалиниќ и Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА