Ракометарите на Тиквеш запишаа значајна победа во 14. коло од Суперлигата, славејќи во Кавадарци против Бутел Скопје со 29-25.
Кавадарчани заслужено дојдоа до нови три бода пред својата публика откако во натпревар во кој се играше израмнето единствено во првите 15 минути, потоа комплетно ја презедоа иницијативата на паркетот.
На полувремето домашните заминаа со предност од 14-10, а во вториот дел во еден момент имаа и плус шест гола разлика, 23-17. Сето тоа беше доволно за мирен финиш и заслужена победа.
Оваа победа е повеќе од важна за Тиквеш во битката за плеј-оф. Кавадарчани сега со осмата победа сезонава сега се на шест бода од третопласираниот Бутел.
Најефикасни во победата на Тиквеш беа Стефановиќ, Симиќ и Јанчев со по пет гола, а четири погодоци запишаа Трпчески и Темелкоски. По пет гола кај гостите постигнаа Златко Мојсоски и Митев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА