Прилепска Победа повторно се израмни на врвот од Втората лига – Исток откако во последното есенско коло славеше убедливо против Локомотива со 4-0, а искористувајќи ја убедливата победа на Беласица од 3-0 против лидерот Слога Виница.
Беласица ја демолираше Слога со головите на Милушев во 19. и во 43. минута и Крстев во 73. минута од натпреварот.
Каменица Саса ја продолжува трката за влез во Првата лига, откако славеше со 0-1 на гостувањето против Кит Го со голот на Марковски во 43. минута.
Поради лошите временски услови и снежните наноси одложени се натпреварите Кожуф – Братство и Детонит јуниор – Осогово, кои ќе се одиграат во вторник (14. декември) од 13 часот.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (15. КОЛО)
Кит Го – Каменица Саса 0-1
Беласица – Слога 3-0
Победа – Локомотива 4-0
Кожуф – Братство (14. декември)
Детонит ј. – Осогово (14. декември)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА