Кире Лазаров и Нант ја продолжија одличната серија резултати во францускиот шампионат откако триумфираа со убедливи 38-29 во дуелот со Шамбери. Ова беше деветта победа во низа на Нант на домашната сцена, резултат со кој Лазаров и соиграчите се зацврстија на второто место на табелата.
Шамбери беше подобар ривал во голем дел од првото полувреме во кое гостите го диктираа темпото, а Нант благодарение на подобрата завршница замина на одмор со минимално водство од 18-17. Вторите 30 минути донесоа сосема поинаква слика на теренот, Нант доминираше и во нападот и во одбраната, за на крајот да триумфира со убедливи девет гола разлика.
Лазаров одигра солиден меч постигнувајќи четири гола од шест обиди, а најефикасни во таборот на Нант беа Ривера со десет и Мин со седум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА