Јувентус воопшто не изгледа како тим што може да се надева на шампионска титула во Италија, откако „старата дама“ ја продолжи серијата слаби изданија со вчерашното реми против Венеција.
Избраниците на Масимилијано Алегри имаа водство со голот на Мората во првото полувреме, но потоа во вториот дел дојде до огромен пад во нивната игра, што Венеција го искористи за да стигне до заслужено израмнување.
„Имавме добро прво полувреме, создававме шанси, но потоа некои петнаесетина минути „се исклучивме“, воопшто не игравме фудбал. Истото ни се случи и против Салернитана, тогаш имавме среќа бидејќи противникот ја погоди гредата, во Венеција домаќините дадоа гол. Бевме под притисок, веќе не можевме да се додаваме од нога на нога, немавме трпение и плативме за тоа. Проблемот е што овој тим на Јувентус не знае да игра „грд фудбал“, кога ќе треба да се повлече сепак да ја контролира играта и да не дозволи противникот да се врати. Имаме голем број на искусни фудбалери, па затоа сум изненаден што не одговоривме подобро на предизвикот“, истакна Алегри.
Дополнителен проблем за Јувентус претставува повредата на Пауло Дибала, кој сега ќе мора да мине извесен период надвор од терените.
„Тој се пожали на болка уште против Малме, па го повлековме од игра на полувремето. Потоа тренираше добро и решивме да ризикуваме и да стартува во Венеција. За жал, ризикот не се исплатеше“, прокоментира стратегот на „старата дама“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА