Невозможни услови за игра – Се одложуваат натпреварите во Струга и во Тетово!?

Снежните врнежи доведоа под знак прашалник одигрувањето на два натпревари од денешната програма од последното есенско коло во Првата македонска фудбалска лига.

По силните снежни наноси во Струга веќе и дефинитивно е јасно дека е одложен натпреварот меѓу Струга ТЛ и Ренова.

Слична е ситуацијата и во Тетово, каде Шкендија треба да го пречека Скопје. Домаќините со машинерија се обидуваат да создадат услови за игра, но неизвесно е дали ќе се игра и под Шара.

Се вчитува...