Италијанката Федерика Брињоне го освои првото место на трката во супервелеслалом што се возеше во швајцарскиот ски-центар Сент Мориц. Трката доцнеше со стартот поради силен ветер, кој подоцна им создаде и огромни проблеми на дел од натпреварувачите.
Брињоне ја мина патеката за време од 57,81 секунди, што беше за единаесет стотинки побрзо од нејзината сонародничка Елена Куртони. Треетата позиција и припадна на Микаела Шифрин, која оствари време од 58,24 секунди.
Швајцарката Лара Гут, која славеше на вчерашната супервелеслаломска трка во Сент Мориц, овојпат не ја мина целта откако излета од горниот дел на патеката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА