Макс Ферстапен и Ред Бул ја прославуваат титулата во Формула 1, но во Мерцедес не се помируваат со поразот во последниот круг во драматичната завршница на трката во Абу Даби.
Последните информации говорат дека тимот на Мерцедес поднел две официјални жалби до ФИА, во обид да го промени конечниот исход на трката.
Жалбите се однесуваат на одлуката во последниот круг да биде дозволено претркување, откако претходните четири круга минаа со сигурносно возило на патеката откако Николас Латифи излета и со болидот се удри во заштитната ограда.
Стјуардите најпрвин донесоа одлука да нема претркување до крајот, но истата нешто подоцна беше променета, сигурносното возило се повлече, а Ферстапен го мина Хамилтон во последниот круг и ја освои титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА