Клоп ja „мерка“ ѕвездата на Реал – Ливерпул оди на „шопинг“ во Мадрид

Јирген Клоп има намера во наредниот период да го засили Ливерпул. Германскиот стручњак пред се сака да работи на подмладување на тимот, а прва желба е ѕвездата на Реал Мадрид, Родриго.

„Дејли Мирор“ ја споменува сумата меѓу 65 и 70 милиони фунти која Ливерпул треба да ја понуди на Реал Мадрид, но не би било неочекувано „Кралевите“ да бараат многу повеќе од тоа.

Да потсетиме, Родриго пристигна во Реал Мадрид од Сантос, Бразил во летото 2019 година. Оваа сезона Бразилецот постигна два гола на 19 натпревари и забележа три асистенции. Интересно, во Лигата на шампионите постигна два гола на пет натпревари со две асистенции, додека во лигата забележа само една асистенција на 14 настапи.

Што се однесува до Ливерпул, оваа сезона им оди многу добро. „Црвените“ се прошетаа низ групата од Лигата на шампионите и станаа првиот англиски клуб со максимален учинок во таа фаза од натпреварувањето, додека во англиската Премиер лига се на второто место со 37 бодови, бод помалку од првопласираниот Манчестер Сити.

Се вчитува...