Со дуелот помеѓу Струга Трим Лум и Ренова, се спушта завесата на Првата лига за оваа година. Тоа ќе биде одложениот дуел на двата тима, кои поради снежните врнежи беше одложен во неделата, и истиот ќе го одиграат денеска. Тоа ќе биде последен меч од 18. коло, со што ќе биде комплетиран есенскиот дел од сезоната.
Станува збор за дуел на два тима кои повеќе внимаваат на својата одбрана, отколку што постигнуваат голови. Особено тоа важи за Струга Трим Лум, која после Пелистер, има најнеефикасен напад заедно со Работнички и Скопје има постигнато само 13 голови, а примено 14. Ренова, пак, примила 15 голови, а дала 25. Затоа се очекува денеска да биде „тврд“ меч во Струга, а со оглед на околностите на теренот, не би требало да има многу голови, но двата тима ќе се борат за бодовите, Струга да фати приклучок кон горниот дел, а Ренова за фати залет за пласман меѓу првите три тима.
Струга во досегашниот дел на сезоната има пет победи, од кои четири се на домашен терен, осум нерешени и четири порази. Овој тим нема домашен пораз во текот на сезоната, а од друга страна Ренова е со скор од седум победи, шест ремија и четири порази. Избраниците на Османи во гости играат со скор од три победи, три ремија и два порази.
Што се однесува до формата, и двата тима се во лоша серија од три меча едноподруго без триумф. Ренова има две нерешени и еден пораз, додека Струга два порази и едно „реми“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

