Новиот Ф1 шампион Макс Ферстапен, со триумфот на последната трка во Абу Даби, дојде до првата титула во својата кариера. Тој во последниот круг го претрка Луис ХАмилтон, а Мерцедес упати жалба затоа што сметаа дека Ферстапен непрописно го претркал. Жалбата бe[e одбиена, со што почна славјето на Ферстапен.
„Нималку не ми го расипа таа жалба моето славје. Нема ништо што ќе ми го расипе ова чувство. Нормално дека сум пресреќен што победив“, изјави Ферстапен кој додаде дека тоа била луда сезона во Ф1.
Холанѓанецот откри на што размислувал пред клучното претркување.
„Тогаш помислив на сите тие откажувања, на напорната работа, на напорната работа на тимот. Благодарен сум на својот ривал за оваа сезона која го одзема здивот. Претпоставувам дека сега се чувствува малку поинаку затоа што победи седум пати. А, јас, никогаш. Веројатно го боли сето ова, но тој и натаму ги има своите седум титули“, рече Ферстапен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА