Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер подготви хуманитарна акција за дерби дуелот во ракометната Суперлига против Вардар кој на програмата е утре во арената „Боро Чурлевски“ во Битола.
Тие ги повикаа своите фанови да дојдат на натпреварот против Вардар со „плишани играчки“ кои ќе бидат наменети за дечињата од ранливите категории, нешто што традиционално долги години го прават навивачите на Реал Бетис.
„РК Еурофарм Пелистер испраќа хумана порака на последниот домашен натпревар во 2021 година. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар 1961 (среда 18.00 часот) на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории. Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот“, стои во соопштението на Еурофарм Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА