Македонската футсал репрезентација утре (19 часот) и на 16. декември (17:30 часот) во СЦ Борис Трајковски ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора.
„Очекуваме интересен натпревар против Црна Гора. Повикавме претежно играчи од домашниот шампионат и ова се натпревари на кои шанса ќе добијат сите повикани за да го согледаме реалниот потенцијал со кој располагаме. Резултатот е важен пред сe заради подигнување на самодовербата пред претстојните квалификации за Светското првенство. Добрите резултати од минатиот квалификациски циклус ни овозможија да бидеме еден барабан погоре во ждребот и ги избегнуваме предквалификациите. Имаме доволно време за подготовка, а за следните натпревари се надевам дека ќе бидеме комплетни со Даниел Де Соуса, Џокица Арсовски и Седат Зибери“ – вели селекторот Васко Скендеровски.
Селекторот Скендеровски за двете пријателски пресметки против Црногорците ќе смета на следните играчи:
Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цико), Влатко Петровски *СК Проект Цико), Иван Стојановски (Шкупи);
Одбрана: Реџеп Сулејман (Шкупи), Таулант Исмаили (ФК Ликени, Косово), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Берат Рамадани (Арбен Бајрами);
Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Алекандар Глигоров (Железарец), Игор Леовски (СК Славија Прага, Чешка), Мартин Мехмединовиќ (СК Прокет Цико), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Тодоровски (СК Проект Цико), Еркан Сефери (Шкупи), Јакуп Рамадани (ФК Ликени, Косово), Адријан Мицевски (Штутгартер 2020, Германија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА