Барселона има понуда да се „ослободи“ од Умтити

Веќе неколку преодни рока по ред Барселона не може да се „откачи“ од Самуел Умтити кој сака да го продаде. Фудбалерот не се согласи на намалување на платата поради пандемијата, а во последно време не ни игра за Барса. Чави му даде шанса против Осасуна, во која Барса прими два гола, и веќе е многу веројатно дека во јануари или во јуни ќе биде продаден.

Затоа сега се пружа шанса на Барса да се ослободи од него. Имено, „Мундо Депортиво“ јавува дека Бенфика во јануари ќе испрати понуда за неговите услуги. Португалскиот тим веќе беше заинтересиран за Умтити, но не успеа да го ангажира.

Барселона во јануари ќе прави мал „ремонт“ на тимот. Ќе биде продаден и Сержињо Дест, а можеби и Френки Де Јонг кој се повеќе разочарува со настапите во Барса, иако Чави му дава минутажа.

Се вчитува...