Струга имаше сили за изненадување само за едно полувреме во ракометниот дуел со Бутел, а потоа домашниот тим во вториот дел ги презеде конците во своите раце, и на крајот славеше убедлива победа од 11 разлика.
По првиот дел беше изненадувачки 13:14 за гостите. На крајот 30:19, односно Струга постигна само пет гола во второто полувреме.
Најефикасен на натпреварот беше Мирко Мајиќ кој постигна осум гола. Зад него заврши Спасовски со пет. Во поразениот тим тројца играчи имаа четири гола: Маркоски, Блажески и Цветаноски.
За Бутел ова беше 11-та победа во првенството, а Струга го доживеа 11-тиот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА