Сензација: Леванте елиминиран од третолигаш во шпанскиот Куп, Барди промаши во пенал серијата

Третолигашот Алкојано, го елиминираше тимот на Леванте во шпанскиот Куп, откако го совлада на пенали со 3-1. Во регуларниот дел беше 3-3, и после продолженијата остана истиот резултат, со што се помина кон пенал серија.

А, таму, Леванте реализираше само еден удар од белата точка. Во четвртата серија промаши Барди, а јасно беше дека ако Алкојано постигне гол, тоа ќе биде победа. Бланко успеа, за голема радост на третолигашот.

Инаку ударот на Барди му го одбрани пеналот, со што Алкојано реализираше и се пласираше во следната рунда.

Барди го почна дуелот од клупата, и влезе во 56. минута. Победата на Алкојано е уште поголема ако се знае дека во 86. минута останаа со играч помалку, односно продолженијата од 30 минути и последните мигови од регуларниот дел ги играа со 10 играчи.

Се вчитува...